Потврдено: Коѕиас во четврток ќе слета во Скопје

„Би сакале да ве информираме дека министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас, ќе оствари официјална посета на Република Македонија, во четврток и петок (22-23 март 2018г.).

Грчката делегација предводена од МНР Коѕијас, во четврток ќе пристигне на Меѓународниот аеродром Скопје„ стои во денешното соопштение на Министерството за надворешни работи на Република Македонија

Македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров и неговиот грчки колега, Коѕијас, ќе се сретнат повторно во Виена на 30 март, а на средбата ќе присуствува и медијаторот во разговорите за разликите околу името, Метју Нимиц.