Потешко повредени војници на воена вежба во Еребино

Loading...

Двајца војници биле повредени по воена вежба во близина на селото Еребино, Тетовско.

Војниците кои се потешко повредени и со прострелни рани биле под итно пренесени на скопските клиники.

Поради сериозноста на повредите, војниците се префрлени на Клиничкиот центар во Скопје. Нивната состојба е стабилна и се надвор од животна опасност.

Според првичните информации, настанот се случил по вежбата што ја имале војниците во касарната додека го чистеле оружјето. Од тетовската болница велат дека војниците биле со прострелна рана и искршеници на екстремитетите.

Во Еебино се наоѓа главниот склад на Министерството за одбрана за муниција и за мало и лесно оружје. Во 2016  заврши проектот за подобрување на безбедноста во финансиран со 255.000 евра од Европската унија.