Почина еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ

Денеска во Скопје почина Павле Сарџоски, еден од помалку познатите основачи на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

“Татко ми беше чесен, надарен, добар, весел и храбар човек, духовен, верен, вистински воин, џентлемен, правдољубив, родољубив, основач на политичката партија ВМРО ДПМНЕ, судски извршител, рибар, моторџија, сакаше да твори работи од дрвенарија, сакаше да твори работи од машинство, сакаше да одгледува билки и лути пиперчиња, беше поет, боем и прекрасен татко. Беше сонувач: сонуваше за чесен и фер свет на правда, без лаги измами и омраза. Сонуваше за слободна и независна Македонија. Тој беше мојата светлина мојата надеж мојот водач мојата гордост мојот идол. Тој ме научи за најголемите вредности во животот. Ќе ми недостига ужасно….”, напиша член на неговото семејство на социјалните мрежи.

Сарџовски кој е еден од најактивните борци за независна Македонија во времето на Југославија е роден во 1955 година а последен поздрав ќе му биде оддаден утре во 12:30 на гробиштата Бутел во Скопје.

1 Коментар

  1. VECNA MU PAMJA NA NASIOT BRAT, PATRIOT ZA MAKEDONIJA, PAVLE SARGJOVSKI. KE NI OSTANES SLAVEN VO NASITE SRCA. DA VI E ZDRAVA I ZIVA VASATA POSIROKA FAMILIJA. BRATU VECNA TI SLAVA !!! BORBATA KE JA PRODOLZIME ! EDNA MAKEDONIJA ZA SITE MAKEDONCI ! OD EGEJ, PIRIN, VARDAR, MALA PRESPA I CELIOT SVET. AMIN !!!

Comments are closed.