Почина рокерот Канго, македонскиот „Џими Хендрикс“ (ВИДЕО)

Рок музичарот и гитарист Симеон Иванов-Канго почина денеска на 66 годиина од животот соопшти неговото семејство на социјалните мрежи.

Канго беше и поет, сликар и основач на културното движење „Мактеон“ кое има за цел да ја промовира македонската нација, култура, јазик, земја, а особено античко-македонското наследство на денешниот македонски народ.

Познат беше и по својот необичен стил налик на стилот на легендарниот гитарист Џими Хендрикс, чиј гoлем почитувач беше и самиот Канго, пишува порталот „Македонија 365“.