Фото: ФАКТОР

Замената на 25 табли со името на автопатот „Александар Македонски“, зафат што ќе чини околу 80.000 евра, почна денес со отстранување на првите табли на главниот патен правец во државата, кој со одлука на Владата во јануари е преименуван во „Пријателство“.

Гајур Кадриу, шеф на Агенцијата за одржување на патиштата, рече дека првиот од 25. сообраќајни знаци е отстранет денеска.

Тој потсетува дека властите неодамна одлучија да го преименуваат и името на главниот аеродром во земјата, кој, досега го носеше името на војсководецот Александар и кој во иднина ќе го носи името „Меѓународен аеродром – Скопје“.

На автопатот ќе бидат заменети 19 патни ознаки и дополнителни шест патокази кон досегашниот аеродром „Александар Велики“.