Познатиот американски бренд за накит го отвора својот прв ресторан кој ќе се наоѓа на Петтата авенија во Њујорк. Ресторанот ќе се нарекува “Сина кутија за кафе”, според познатата сина кутија во која Тифани чуваше накит.

Ресторанот ќе биде во изразито замаглени сини нијанси, со елементи од сива и сребрена боја, и секако, со низа од прекрасни детали.

Според Vanity Fear, за појадок во овој ресторан ќе треба да се одвојат малку повеќе пари, но понудата ќе биде несекојдневна, елегантна и одлична. За пример, посетителите ќе можат да нарачаат кафе и торта по цена од 29 долари па нагоре.

„Појадок во Тифани“ е добро познат роман на Труман Капоти, кој зборува за младата провинцијалка Холи Голајтли, која се обидува да го најде своето место во високото општество во Њујорк. Според романот, во 1961 година беше снимен филм во кој главната улога ја играше Одри Хепберн, а Хенри Мансини доби оскар за нумерата „Moon River“.

Оставете коментар