Американскиот актер, режисер и филмски продуцент Том Круз во телевизиско интервју за Австралиската станица, Канал 7, во средата соопшти дека се подготвува за снимање на продолжението на филмскиот хит Топ Ган.

Снимањето би требало да започне следната година, а во финишот на истата, и да се најде во кината.

Во култната акција од 1986. година, Том Круз ја имаше улогата на морнарички пилот, а по неа актерот се стекна со светска слава. Познатиот филм имаше енормна заработка од 350 милиони американски долари и стана добитник за Оскар за познатиот музички хит “Take My Breath Away”, кој беше изведен од американскиот состав Берлин.

SHARE