Пратеник од власта физички нападнат во центарот на Скопје

Пратеникот и претседател на Либерално демократската партија, Горан Милевски попладнево бил физички нападнат на плоштадот Македонија, дознава „Макфакс“.

„Во 16,30 часот Г. М. пријави дека додека се движел по плоштадот „Македонија“ бил нападнат од едно лице“, соопшти МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот кој неофицијално се случил во знак на одмазда за гласањето на Законот за јазиците.