Пратеник најави процес против судијка и одреди казна

Пратеникот од редовите на СДСМ Мухамед Зекири се однесува како тие против кои со години се бореше на политичката арена. Веднаш по објавувањето на пресудата за 9те лица кои што денеска добија условни казни за насилството во собранието на 27 април тој се отворени закани започна хајка против судијката илка Ангеловска Васевска.

На својот фејсбук профил Зекири напиша:

„Судијката Милка Ангеловска Васовска ги ослободи ТЕРОРИСТИТЕ

Милка Ангеловска Васовска и тебе ќе ти се суди затоа што не пресуди, ќе одговараш, и нема добиеш условна казна“.

Зекири без да даде правно објаснување каде е грешката на судијката по урнекот на ВМРО – ДМНЕ започна со пресметка и најави дека СДСМ само декларативно се залага за правна држава и почитување на судскиот систем а реално ќе продолжи да врши притисок врз судството.

Зекири како пратеник и екс новинар треба да знае дека против одлуката на судијата има правни лекови и законски процедури коишто може да ги поведе и неговата партија доколку смета дека е прекршен законот. Настрана тоа што 9те насилници сега имаат право да го гонат за изречена клевета и навреда поради неговата квалификација дека тие се терористи.

Иако условните казни за насилниците во парламентот се контраверзни сепак ваквото однесување кон било кој граѓанин па макар тоа бил и судија од позиција на власт е во најмала рака лицемерно.

Вака Зекири и неговата партија која што не се оградува од неговите јавни закани не влеваат доверба дека нешто ќе се промени со менувањето на власта.

SHARE