Без име за севкупна употреба и уставни промени нема решение на спорот, а историски било докажано дека македонска нација не постоела, вели пратеникот на владеачката партија во Грција, СИРИЗА од регионот на Солун, Димитрис Мардас, во интервју за Радио слободна Европа.

Мардас смета дека име со географска одредница би било второ најприфатливо решение за  излегување од деценискиот спор.

Тој вели дека најпрво требало да се дискутира дали„името Македонија може да се користи од нашите соседи. Јас верувам дека тоа е погрешно решение. И потоа ние треба да видиме како да живееме во мир и затоа треба да најдеме второ најдобро решение за сите нас“.

Според пратеникот, тоа би било „еден збор кој ја вклучува Македонија, но на сложен начин“.

 

Целото интервју тука.