Пратениците од власта се договориле да седат дома за да не иритираат!

Поради страв од блиска средба со незадоволни граѓани од вчерашното насилно донесување на Законот за употреба на јазиците, пратениците на владеачката коалиција предводена од СДСМ се договориле да не се движат многу во јавност, односно да седат дома за да не иритираат!

„Со оглед на тоа што се случи на 27 април, со колегите пратеници се договоривме да седиме дома. Нема да побарам заштита, предраматично е да се размислува и да се зборува за ова. Најлошо е што може да има сериозни елементи, за кои треба да се размисли. Немав заштита изминатата вечер, но се договоривме да не се движиме многу во јавност за да не иритираме“, изјави пратеникот Ферид Мухиќ за новинската агенција Макфакс.

Иако по „изгласувањето“ на фамозниот закон со кој албанскиот јазик станува службен на целата територија на државата пратениците од власта беа ставени под заштита на полицијата, Министерството регистрира палење на автомобилот на пратеничката на СДСМ од Виница, Славица Шуманска-Митева, како и уште три инциденти во кои цел исто така биле народните избраници од најголемата партија во владината коалиција.

 

SHARE

Comments are closed.