Освен дербито на Првата македонска фудбалска лига денеска во рамките на 19 коло, прво од пролетниот дел беа одиграни уште три наместо четири средби. Причина за тоа е обилниот дожд и поплавениот терен во Кратово.

Еве ги сите резултати и табелата:

Шкендија – Вардар 1-1 (Ибраими 85 – Грнчаров 78)

Шкупи – Академија Пандев 5-2 (Илијоски 7,17, 24, Јашароски 59, Стојкоски 79 – Стоилов 31, Грифони 73)

Работнички – Ренова 0-0

Победа – Пелистер 1-1 (Даноски 12 – Маневски 9)

Одложен е мечот Силекс – Скопје

ТАБЕЛА

Шкендија 47
Вардар 39
Силекс 31 (-1)
Шкупи 26
Академија Пандев 25
Работнички 24
Победа 20
Ренова 19
Пелистер 17
Скопје 10 (-1)