Прво заседание на владата, први промени во МВР

Денеска ќе се одржи првата владина седница во новиот состав на која што министерите треба да реферираат за првичните анализи направени по влезот во министерствата по што треба да се направи план за итни приритети на кои ќе работи владата.

На седницата нема да се зборува за позициите на замениците министри и важни директорски места кои што треба да ги назначи новата влада а кои се дел од разговорите на партиско ниво.

Според неофицијални информации еден од првите сменети владини фуннкционери од старата влада ќе биде директорот за јавна безбедност Митко Чавков кој по 27 април земал одмор а наскоро се очекува да замине во пензија.

Поради пропусти во работата за време на нападот во Собранието на 27 април разрешување на Чавков побара и екс министерот во МВР Агим Нухиу кој формираше работна група која ја утврдува одговорноста на Чавков и на структурите во МВР за настаните во Собранието.

Извесно е дека на денешната седница ќе бидат избрани генерален секретар на владата и директор на владината Службата за општи и заеднички работи.

SHARE