Предистражна комисија за 10 вмешани во скандалот „Новартис“

Loading...

Грчкиот Парламент одлучи за сите 10 политичари чии имиња се најдоа во предметот во случајот „Новартис“ да се формира предистражна комисија.
Комисијата ќе брои 21 член и ќе има временски период од еден месец да ја истражи надлежноста на Парламентот, за дали да ги гони или не политичарите за мито, корупција и перење пари од криминалните активности што можеби ги направиле.
Предлогот на Владата за формирање на конкретната комисија, доби зелено светло од Парламентот, но не со глас од сите партии.
СИРИЗА, Комунистичката партија и Златна зора гласаа позитивно за сите 10 политичари, пратениците од Нова демократија беа присутни во Парламентот, но не гласаа, Сојузот на централисти беа воздржани, партиите од Движењето за промена, Демократска коалиција и Река, во кутиите ставија нивно ливче, со што гласовите се сметаа за неважечки, додека пак од Независни Грци, секој пратеник гласаше според своето убедување и размислување.