Предлогот за името по Велигден во грчкиот парламент?

Лидерот на партијата „Потами“, Ставрос Теодоракис, по средбата со грчкиот премиер рече дека грчката владата има намера на предлозите околу разврската на спорот со соседната држава да се најдат во парламентот по Велигден.

Теодоракис во интервјуто за ‘Скај’ за прашањето со името ги повторил позициите на неговата партија и на централно левичарската Движење за промени во кое освен „Потами“ е и партијата ПАСОК, јави МИА.

„Инсистираме на решение што ќе го затвори нерешеното прашање со нашите соседи, решение за сложено име, што ќе се користи внатрешно, надворешно, дипломатски, на сите нивоа, еден збор за соседната земја и секако конкретни обврски врз основа на меѓународните договори за бришење на иредентизмот од учебниците и ако постои и од Уставот. Ќе треба нашите соседи да сфатат дека ќе треба да свртат страница, да го едуцираат нивниот народ на логичен соживот, пријателство и добрососедство со Грците“.

Тој рече дека одлуката дали ќе ја поддржи владата на Алксис Ципрас за евентуалниот договор, рече дека најпрво треба да се види предлогот.

Помалиот коалиционен партнер во владата „Независни Грци“ на Панос Каменос се изјасни дека е против предлог за име гое ќе о содржи зборот „Македонија“ што беше причина Ципрас да побара „сојузник“ во партијата „Потами“.

SHARE