Во последниот период се повеќе се луѓето околу нас кои се определуваат да достигнуваат височини, но не во некои професионални обврски, туку во вистинските, планинските височини. А во наша непосредна близина е еден од најубавите, највпешатливите врвови, Голем Кораб.

Највисокиот врв на планината Кораб и воедно највисок врв во Република Македонија се наоѓа на границата меѓу Македонија и Албанија. Геолошкиот состав го прават филитоидни карпи, а во подножјето се јурски варовници. Врвот е остар, карпест, оголен и од него се протега извонреден панорамски видик што не е ни чудо ако се знае дека е на 2.764 метри надморска височина.

На 8. септември секоја година се одржува меѓународно искачување по повод националниот празник на Македонија, но вие не мора да чекате толку, тргнете веднаш, нема да згрешите, гарантирано.

SHARE