Едно време, во Техеран масовно се носеа кратки здолништа, во Кабул мажите имаа фризури како оние на момчињата од „Битлси“, а во турските училници не можеше да се види шамија. Имаше такви времиња, потсетува „Дојче веле“ и додава – „Пред шеријатот да отруе сè“.

На едно видео од 1958 година минатиот век, може да се види тогашниот египетски претседател Гамал Абдел Насер, весел и елегантно облечен како раскажува пред голема публика што му било кажано од лидерот на Муслиманско братство.

Тој побарал  сите жени во Египет да мора да носат шамии, на што Насер му одговорил:

„ Та тоа ќе ни врати во средниот век! Твојата ќерка студира медицина и не носи никаква шамија, а ти сакаш да натерам 10 милиони жени да се забрадат“, вели Насер во споменатото видео, додека целата сала се превива од смеа.

Во декември 2017 од страна на една група на Фејсбук беше постирано видео под наслов „Пред шеријатот да расипе сè“ (Before Sharia Spoiled Everything), а целта била да потсетат дека постојат високо изразени секуларни трендови во голем број муслимански општества. Како што објави Ди Велт, групата постигна огромна популарност, постојано расте бројот на нови членови кои постираат семејни фотографии, испраќаат исечоци од весници и списанија, раскажуваат лични спомени – како доказ за тоа дека пред големаиот бран на реисламизација, западниот стил на животот бил широко распространет и во тие земји каде денес брадите кај мажите се обврска, а жените под бурка го изгубија целото достоинство.