Преку „Александар Велики“ директно до прекуокеански дестинации

Преку „Александар Велики“ директно до прекуокеански дестинации

Директорот на турската национална авио компанија Илкер Ајчи за време на минатонеделното „Париско летачко шоу“ изјавил дека се разгледува можноста за инвестирање во странски авио-оператори со цел да се намали влијанието на трговскиот протекционизам на глобален план. Меѓу земјите каде што се планираат  ваков вид инвестиции се Индија, Кина и САД.

„Имаме органски раст но политичарите се повеќе се залагаат за протекционизам. Заота ја истражуваме можноста за инвестиции во други авио-оператори. Ова е долгорочна стратегија и премногу рано е да се каже дали ќе стане реалност“, изјавил Ајчи, пренесува авио магазинот Пулс.

Меѓу другите региони каде што турската компанија е официјално и неофицијално поврзана со мешовит компании е Балканот. Минатат месец Ајчи со властите во Тирана разговарал за инвестиции во новиот албански авиопревозник а предходно со македонската влада е разговарано за можноста за започнување на интерконтинентални летови од Скопје.

SHARE