Премиерот доби директен „непристоен предлог“ од лидерот на опозицијата

Лидерот на ВМРО – ДПМНЕ со нова политичка стратегија во која премиерот Заев е ставен во тешка дилема.

Христијан Мицкоски на Зоран Заев му нуди подршка за спроведување на реформските закони дури и ако ДУИ замине од владата. Во случај СДСМ да не гласа за законот за јазиците и ДУИ замине од владата Мицкоски се обврзува да даде поддршка за сите закони кои што се поврзани со евроинтеграциите иако владата ќе нема мнозинство во Собранието.

Опозицијата му дава „карт бланш“ на СДСМ односно на премиерот Заев кој сега има избор. Да ја прифати поддршката на ВМРО – ДПМНЕ во одложување на Законот за јазиците и да ги спроведе сите закони кои што се на Агендата 3 – 6 – 9 или да продолжи да го носи законот за јазиците заедно со ДУИ и да ги блокира реформските закони.

По овој потег на Мицкоски, Заев веќе не може да ја обвинува опозицијата за запирање на реформите како што тоа го направи вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи кој смета дека реформите ги кочи ВМРО – ДПМНЕ.

Проблем за Заев е што Законот за јазици не се смета за дел од реформските закони како што тоа во два наврати прецизно го кажа францускиот амбасадор во Скопје.

Мицкоски понудата за Заев ја даде во интервју за Сител

SHARE

Comments are closed.