Премиерот оставен сам, со само 19 „лајка“ (ВИДЕО)

Речиси 24 часа откако неприродно нашминканиот премиер Зоран Заев се обиде на граѓаните да им објасни дека Законот за јазиците е добар закон, тој е оставен сам.

На видеото објавено од Владата Заев добил само 19 лајкови од вкупно дваесетина илјади луѓе, кои до објавување на овој текст ја виделе снимката.

Тоа значи дека со него не се согласуваат ниту сите владини министри, кои што се 24 на број.

Над 550 луѓе наместо „лајк“ ставиле „дислајк“, што само по себе говори што мислат граѓаните за законското решение со кое албанскиот јазик станува службен на целата територија на државата.

Неколку часа подоцна, пак, од над 23.000 прегледи на видеото на „Јутјуб“ бројката на „лајкови“ дојде до 33, а на „дилајкови“ се искачи на повеќе од 1.300!