Претепан лидерот на православните Албанци во Македонија

Влера околу 14:30 часот, во полициската станица во населбата „Аеродром“ е пријавено дека физички е нападнат контроверзниот Бранко Синадиновски, основачот на заедницата на православните Албанци во Македонија.

Според првичните информации тој е физички нападнат во близина на неговиот стан во населба Аеродром. Причините и напаѓачите се сѐ уште непознати.

МВР соопшти дека го истажуват настанот и мотивите за истиот.

Синадиновски заедно со пратеникот Бранко Манојловски се најистакнати припадници на правиславните Албанци во Македонија.

фото: Алсат М