Претседателот не е известен за предлогот до Грција

Претседателот Иванов ниту е информиран, ниту бил вклучен во формулирањето на предложениот нацрт-договор до грчките власти, велат за expres.mk од кабинетот на шефот на државата.

Од таму дополнуваат дека претседателот не е информиран ниту за грчкиот предлог кој како што објави премиерот Заев во Скопје пристигнал пред неколку дена.

Предходно и лидерот на опозицијата објави дека и тој не е информиран за најновите потези на македонската влада.

Владата сеуште молчи за содржината на грчкиот и сопствениот предлог до Атина за кој објави дека е технички без да даде било какви детали.