Младен Додевски, еден од групата од петмина осомничени за кои беше распишана потерница во врска со настаните од 27 април, е приведен, потврдиле за МИА од Јавното обвинителство.

Министерството за внатрешни работи на својата веб-страница на 4 јануари објави дека е распишана меѓународна потерница за пет лица осомничени за учество во настаните и упадот во Собранието.

Со меѓународна потерница на Интерпол се бараат Никола Митревски–Кољо, Александар Василевски–Нинџа, Младен Додески, Митре Питроповски и сега приведениот Деан Давидовски за дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

Судот, на паттемина кои претходно се бараа со домашна потерница, во нивно отсуство им изрече мерка притвор и веднаш по апсењето ќе бидат спроведени во Истражниот затвор во Шуто Оризари.