Привршува изградбата на Трансјадрански гасовод (ТАП)

„Цевките за изградба на Трансјадрански гасовод (ТАП) се споени (заварени) на 80 отсто од рутата на гасоводот во Грција и во Албанија“, се вели во соопштението од конзорциумот ТАП АГ.

„Сите заварени делови се предмет на автоматско тестирање, за да се обезбеди дека ги исполнуваат националните и меѓународните стандарди. Цевките со повеќе од 80 проценти од нашата маршрута во Грција и Албанија (над 615 километри од 765) сега се заварени“, се вели во соопштението.

ТАП, вреден 4,5 милијарди евра, е дел од јужниот гасен коридор, кој е еден од приоритетните енергетски проекти на Европска унија и предвидува превоз на гас од Азербејџан.

Нема информации како и дали Македонија ќе биде приклучена на овој гасовод.

ТАП ќе биде долг 878 километри, од кои во Грција 550 км, во Албанија 215 км, под Јадранско Море 105 км и во Италија 8 км.