Прилепчани на протест и покрај поканите за информативен разговор (ВИДЕО)

Поканите за информативен разговор во полиција што ги добиле 15-тина граѓани на Прилеп не ги одврати ниту нив, ниту нивни сограѓани и вечерва да излезат на протест против насилно изгласаниот Закон за употреба на јазиците, како и за одбрана на уставното име на државата и на македонскиот идентитет и јазик.

Поканите се за нарушување на јавниот ред и мир, објасни еден од повиканите во полициска станица. Тој нагласува дека протестот нема организатор, односно дека е спонтан израз на незадоволството од наметнувањето на албанскиот јазик како службен и во нивниот град, иако, како што вели еден од демонстрантите, „во Прилеп нема ни четворица Албанци“.

„Двојазичност во Прилеп нема шанси да има. Ако треба, ќе протестираме и дење и ноќе“, порача тој.

Прилепчани што протестираат се револтирани од нивните сограѓани Кети Смилеска и Хари Локвенец, кои како пратеници на СДСМ беа меѓу 64. народни избраници што гласаа за контроверзниот закон.

Расположението на тие што вечерва излегоа на улиците на Прилеп може да се види од видеото снимено и објавено од прилепскиот портал „Инфо компас“.