„Албанското кралско семејство го одобрува официјализирањето на албанскиот јазик, спроведено од страна на македонскиот парламент, како важен чекор напред во зајакнувањето на односите меѓу нашите две држави и отворање на понатамошни перспективи за развој помеѓу нас“, напиша престолонаследникот на Албанија, во име на кралското семејство, во изјавата напишана на албански и на англиски јазик.

Престолонаследникот, принцот Лека, е единствено дете на албанскиот суверен Лека Зогу.

На 30 ноември 2011 година, по смртта на неговиот татко тој го наследи на чело на Домот на Зогу, како што е титулата на албанското кралско семејство.

Принцот Лека бил официјален претставник на Министерството за внатрешни работи на Албанија и во минатото служел како советник во Министерството за надворешни работи.

Некои албански монархисти, го нарекуваат принцот и Крал Лека Втори, по смртта на неговиот татко, Лека I.

Принцот е оженет со албанската актерка Елија Захарија, откако се венчаа во 2016 година Тирана.