На Принцот Филип денеска му се слошило и бил однесен во болницата Крал Едвард седми во Лондон, но нема други детали за состојбата. И сето можеби ќе минеше незабележано околу Војводата од Единбург да не беше годишното обраќање на Кралицата Елизабета втора на традиционалното отворање на работата на британскиот парламент на кое, Филип во минатото постојано беше во придружба на својата сопруга.

Принцот Филип кој има 96 години подолго се соочува со сериозни здравствени проблеми за што во 2008. година беше примен во болница поради проблеми со белодробна инфекција, а пред шест години му беше вграден стент. На свеченоста во Парламентот, Кралицата овој пат ќе ја придружува принцот Чарлс, а за Филип во соопштението од Бакингамската палата се вели дека за сега ги откажува сите предвидени посети и обврски.

SHARE