Пријателите на Коѕиас немале мнозинство за промена на уставот

Грчкиот министер за надворешни работи до крајов на месецов има намера да му донесе нацрт-договор на македонскиот колега со содржина од седум точки, напишани на 20 страни. Ова го потврдил Коѕијас за грчка телевизија Алфа, а веста веќе експресно се прошири на балканските медиуми.

Пакетот го содржи и идентитетското прашање и промената на Уставот.

– Моите пријатели во Скопје, сметаат дека нема потреба од промена на Уставот. Тоа не може да го направат сега, немаат мнозинство. Сепак, веруваме дека за договорот, што ќе донесе долгорочна стабилност и консолидација со оваа земја, потребни се уставни измени, во спротивно- оставаме простор за спорови во иднина, рече Коѕијас.

Објаснувајќи ги разликите меѓу Скопје и Атина во врска со предлозите, Коѕијас, рече дека се прифаќа име кое нема да се преведува на ниеден друг јазик, со географска одредница.

– Или Горна Македонија, Вардарска Македонија или Македонија – Вардар. Разговараме. Називот да биде на латиница, на англиски од каде ми се преведувало на сите јазици, мислам дека тоа Скопје го сака. Но мојата желба е малку покомплексна. Би сакал ова име да покаже друга Македонија, географски идентитет, а не да биде историски наследник на грча Македонија, вели Коѕијас.

SHARE