Провладините и опозицијата бојкотираат, Македонците потпишуваат

Loading...

Над 12 илјади луѓе за 24 часа се потпишале на писмото во кое 200 македонски интелектуалци од владата и опозицијата побараа разум и трњзвеност при решавање на спорот за името.

Иако провладините медиуми веднаш побрзаа иницијативата да ја прогласат за “вмровска” а опозицијата практично ја бојкотира таа интензивно се потпишува на интернет а иницијаторите и весникот Нова Македонија каде беше објавен прогласот добиле илјадници барања за ставање потпис на документот.

“Знаев дека СДСМ е новото ДПМНЕ ???? Груевски е политички мртовец, кој сакаат да ни го прикачат за да не дискредитираат! Вмровска и куриска тактика! Но, ова е знак колку се преплашени од слободните интелектуалци. Плусинфо, фала за рекламата! Бројката на потписници порасна на 12.000”, пишува професорката Билјана Ванковска во врска со напис на порталот Плусинфо кој пишува дека иницијативата е критикувана на социјалните мрежи и ги етикетира иницијаторите како блиски на опозицијата.

Прогласот досега оштро беше критикуван од професорките Мирјана Најчевска и Мирјана Малевска чиј сопруг Денко Малевски беше споменат од страна на иницијаторите на прогласот затоа што побара на премиерот Заев да му се даде поддршка за решавање на името.