Преубавата црвенокоса актерка која стекна мега популарност со серијата, Софи Тарнер соопшти дека следната година нема да ги гледаме сплетките во Вестерос и дека, и покрај најавите дека новите епизоди ќе стасаат до гледачите во следната година, осмата и последната сезона на „Игра на тронови“ ќе пристигне до нив дури пред истекот на 2019 година. Тарнер во интервју за Варајети изјави дека последната сезона „Dark Phoenix“ ќе се емитува по 23 месеци. Последната сезона ќе има седум епизоди, за разлика од првите шест кои имаа по десет дела, меѓутоа епизодите во осмата ќе траат подолго, односно од 80 до 90 минути.
Допонителното објаснување стигна и од продукцијата која започнала со работа уште од октомври, но креаторите на серијата, Дејвид Бениоф и Ден Вајс за „Ентертејнмент Викли“ велат дека на серијата ќе работат цела дена. Снимањето треба да се одвива до крајот на летото во 2019 година, а потоа следува постпродукција. Поради тоа, невозможно е сезоната да биде готова до крајот на сладната.