Истражувачите, претставници на организацијата NAMI (Noah’s Ark Ministries International), изјавија дека „со сигурност од 99, 9 %“, успеале да најдат фрагменти од библиската Ноева арка. Според зборовите на експертите, древни штици се сочувале меѓу слоевите од снег и вулкански наноси на планината Арарат во Турција. Експертите, повикувајќи се на резултатите од извршеното датирање со јаглеродни атоми, тврдат дека пронајденото дрво е старо повеќе од 4800 години, наведува Daily Express, а пренесува bigorski.org.mk.

Како што се тврди, на штиците можат да се видат нерамнини кои наликуваат на жлебови, кои особено активно се применувале во градењето до појавата на клинците. Должината на некои пронајдени предмети, според зборовите на претставниците на NAMI, е околу 20 см., а на другите достигнува и до 20 м. Претпоставените „остатоци од Ноевата арка“, како што се наведува, биле пронајдени на висина од околу 4 км над морското ниво.

SHARE