Слика од моментот кога хулиганот што се шегувал го предизвика стампедото во Торино (видео)

Полицијата во Торино го пронајде, а на интернет потоа се појави и слика од навивачот на Јувентус кој предизвика немири во саботата навечер додека траеше финалето од Лигата на шампионите. Стампедото е предизвикано со невкусна и опасна шеганавивачот извикал дека е терорист кој ќе се саморазнесе, а патем активирал петарда. Во немирите со кој беа зафатени 20 илјади луѓе на плоштадот Сан Марко потоа настрадаа 1500 луѓе од кои тројца се уште се во тешка ситуација.

Навивачот беше приведен и изјавил дека жали за лошата шега, а полицијата го задржала и него и неговиот другар. Тие ќе одговараат за тешки кривични дела и им се заканува долг затвор. Еве го и моментот во кој започна стампедото.