Протести за малиот Алмир, каменуван автобус, нема повредени полицајци

Неодговорна група млади луѓе по мирниот протест одржан пред Владата на кој беше побарана правда во случајот со малиот Алмир предизвикала инциденти на скопски Битпазар.

Десетици млади луѓе во близина на поликлиниката Бит Пазар без никаква причина започнале да фрлаат со камења кон автобус во движење.

Според полициски извори нема повредени полицајци, но не се знае дали има повредени меѓу патниците на автобусот кој што бил цел на нападот со камења.

Уште пред интервенција на специјалната полиција неодговорната група го напуштила местото на инцидентот.

Предходно демонстрантите протестираа пред владата во знак на револт поради преквалификација на делото од „убиство со умисла“ во „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ во случајот со загинувањето на четиригодишниот Алмир Алиу од Кумановоо.

1 Коментар

Comments are closed.