Протест: Бекир Асани ги обедини македонските новинари

Loading...

Македонскиот Синдикат на Новинари повикува на протест. За утре во 11 часот е најавен настан на кои новинарите ќе се спротивстават на притисоците врз нив кои доаѓаат од политички фактори. Собирот ќе се одржи пред Владата на РМ.

Протестот е причинет од заканите кои ги упати функционерот на ДУИ, Бекир Асани, кон претседателот на ЗНМ, Насер Селмани.

„Контроверзниот Асани ужива углед на недопирливост и неказнивост, а неговите последни навреди и закани упатени кон Селмани имаат цел да ги заплашат сите новинари. Ова не е само протест за поддршка на колегата Насер Селмани кој е изложен на сериозни закани и притисок, туку и порака до сите граѓаните кои се загрижени за окрепнувањето и чувањето на темелните вредности на правната држава како слободата на говор и владеењето на правото. Сите копилиња на пладне пред Влада“, се вели во соопштението од Самостојниот синдикат на новинарите на Македонија.