Loading...

Во организација на натпартиското движење „Нашето име е наше право“, денеска, 4 март, на плоштадот „Македонија“ во Скопје се одржува протестен собир за изразување поддршка на уставното име на државата и незадоволство од политиките кои ги загрозуваат националните интереси на македонскиот народ.

Движењето „Ние сме Македонија“ почна во јануари со симболичен собир пред македонската амбасада во Вашингтон, каде за прв пат беше објавена декларација со која се бара итен прекин на разговорите за името и поднесување резолуција во Генерално собрание на ОН за признавање на уставното име на Република Македонија.

Сенародниот собир се одржува во ист ден заедно со протестите на Македонците од дијаспората во 14 градови во светот: Франкфурт – Германија, Малме – Шведска, Вашингтон – Сад, Мелбурн, Сиднеј, Перт и Бризбејн – Австралија, Оукленд – Нов Зеланд, Хаг – Холандија, Лондон – Велика Британија, Крањ – Словенија, Валета – Малта, Канали – Италија и Прага – Чешка.

Илјадници Македонци од дијаспората се спротивставија на менување на името и бараат итно прекинување на преговорите со Грција.