„Никој, ни Владата, ни Собранието, ни Претседателот немаат уставни овластувања за промена на името на државата. Посебно не под ултиматум однадвор. Кој ве овласти да преговарате за името и за идентитетот?

Израз на крајна политичка ароганција е да се третираат граѓаните како инфантилни. Од нас се бара да ја видиме смртта на нашиот народ во текот на нашиот живот“ ова меѓу другото беше речно на денешниот протестен собир под мотото „Ние сме Македонија“ на градскиот плоштад Македонија.

На полниот плоштад имаше постојани извици „Македонија“ и „Слобода“, „Македонија ни е поважна од која било меѓународна организација.“

Масата народ ја пее антологиската „Едно име имаме, во душата го носиме…“

Протестот е дела од глобалните протести во заштита на името Македонија кои сеодржуваат во 15 градови низ целиот свет од Австралија до Америка.