Професорката Бужаровска тврди дека обвинетите од СЈО имаат повеќе пасоши

„Смешно е Кривичниот суд да изрече мерка одземање пасош на обвинети лица кои имаат по два и повеќе пасоши“, изјави универзитетската професорка Гордана Бужаровска на  презентација за примена на Законот за висината на одмерување на казните, што денеска се одржа во Македонската академија на науките и уметностите, пишува плусинфо.мк.

Професорката која се споменува меѓу кандидатите за нов Јавен обвинител на местото на Марко Зврлевски вели дека јавноста дозна дека постојат мерки на претпазливост дури по постапувањето на СЈО за отворените истраги и обвиненија. Затоа таа бара покрај обвинетите за делата кои што ги води СЈО и судиите да понесат одговорност, за што се потребни промени во законите.

SHARE