Проф. Игор Јанев: Резолуцијата 817 ја крши повелбата на ОН

Република Македонија е денес соочена со Ултиматум без преседан во светската историја. Ултиматумот е да се откажеш, како држава од СЕ Македонско, или нема во ЕУ, пишува професорот Игор Јанев кој со години тврди дека Македонија треба да ги прекине преговорите со Грција и правдата да ја бара во ОН.

Пишува: Игор Јанев

Првата Светска Војна почна од еден многу по слаб УЛТИМАТУМ пратен до Србија, споредувајки со овој Ултиматум на Грција со која во долг времески период ја уценува Македонија. АвстроУнгарија единствено бараше од Србија да овозозможи учество на своите полициски агенти во истрагата за атентатот на Фердинанд (Сараеево) на територијата на Србија, што од Србија нормално беше решително одбиено. Потоа, започна Првата Светска Војна.

Сега Мега-Ултиматум за Македонија подразбира вид „откажи се од СЕ Македонско, или ке останеш Фироманец во ООН, а во ЕУ нема да те примиме, не како Македонец или Македонија.“ Алтернатива е „потпиши дека не си Македонец, со Договор-Компромис, који Ние после ке го завериме“ во СБ на ОН и потоа конечно во ГС на ОН како универзално НЕ-признавање на својот идентитет, што самиот си го потпишал и си ПРИЗНАЛ ДЕКА НЕ СИ тоа што велеше порано дека си (со рез. на овие ОН органи, како гарант покасно да не се сети некои во новата држава т.е. влада да се премисли).

Веднаш да се стави КРАЈ на срамните преговори за името! Постои решение за името со признавањето на Република на Македонија во Генералното собрание на ООН! Не признаваат 134 држави членки на ООН! Со 19 држави засега немаме дипломатски односи, а кога и со нив ке ги воспоставиме ке имаме над 150 држави во ООН кои не признаваат под уставното име. Нема потреба од компромис!

Треба само да го продолжиме членството во ОН преку Генералното собрание на ООН со уставното име Република Македонија! Со излегување од рамката на рез. 817, и од рамката на Времената Спогодба, Грција веќе изврши дерогирање на овие документи.

Целата меѓународна правна наука покажа дека Постоји решение со признавањето на Република на Македонија во Генералното собрание на ООН!

Од почеток на проблемот со името во ООН 1993, политичките тела на ООН не разбрале дека не се само работи за „државно име”, туку се работи и за националниот идентитет, негирање на секој елемент на нашата нација, јазикот и култура.

Сега се бара да потпишеме во спогодбата / компромис со Грција дека НЕ СМЕ МАКЕДОНЦИ и ДЕКА НАШАТА НАЦИЈА НЕ ПОСТОИ! Ова димензија на ИМЕТО никогаш не беше објаснета во ООН и државите членки на ООН не се свесни дека со проблематизирање на ИМЕТО се доведува во прашање националниот идентитет и култура на цел еден народ!

Никаква Резолуција на Советот за Безбедност или на Генералнoто собрание на ООН не може да инсталира механизам за БРИШЕЊЕ на ИДЕНТИТЕТОТ на еден народ и една држава!

Државното име нема никаква правна релација со историјата, бидејќи менување државни имиња не влијае врз историската интерпретацијата, исто како ни врз територијалните права и обврски на своја или другите држави. Ниту една држава нема монопол на толкувањето на историските движења. Тоа е, меѓу друго, јасно и од гледна точка дека секој може произволно да земе кој било период од историјата и да дава своето толкување. Историчарите направиа голема штета за тнр. “проблемот со името” со тоа што се обидоа да ја поврзат историјата со името (тие се категоријално различни сфери).

Битни се следните принципи во Меѓународното право:

1. Државите немаат ексклузивни права на државни имиња. (РМ е правен идентитет на држава со дефинирани граници, а Македонија е назив на географски регионот)

2. Менување државни имиња не влијае на територијалните права и обврски на својата, како и на туѓа држава. Ниту овие менувања може да се толкуваат како територијални претензии или иредентизам.

3. За Правниот идентитет (ИМЕТО), како елемент од меѓународно правниот субјективитет не е релевантен претходниот историјат или потекло на народот, како ни физички и популациски карактеристики на територијата.

4. Спорови меѓу државите за државни имиња не постојат. Не може во ова суверено право да се врши легално интерферирање од ОН или членка, ниту непризнавањето од една држава да се толкува како Спор или Разлика (поблага форма на спор во дипломатскиот жаргон).

Во случајот со Македонија при приемот во ОН направена е ЗАМЕНА на тези и едно непризнавање е преформулирано како РАЗЛИКА или Спор. Иначе, ваков спор на Меѓународниот суд не би бил прифатен, туку отфрлен, па Советот за Безбедност беше згодна инстанца за да се не-признавањето формулира и подигне на ниво на СПОР.

Од фактот дека државно-правниот идентитет (те. Името) е правна категорија која е есенцијален елемент на правната личност, ова е супстанцијалан елемент на државноста (со суверена власт, територија и популација), произлегува дека ОН органи во Македонскиот пријем пречекориле своите овластувањата.

Елементите на ДРЖАВНОСТ во меѓународното право се: 1. Суверена Власт; 2. Територија; 3. Популација односно народ, под јурисдикција. Елементот Суверена Власт го вклучува и ПРАВНИОТ СУБЈЕКТИВИТЕТ, а овој како основен елемент го содржи ПРАВНИОТ ИДЕНТИТЕТ односно ИМЕТО (ПАРВНИОТ ИДЕНТИТЕТ=ИМЕТО).

Заклучок е дека таквите преговори за името се БЕСПРЕДМЕТНИ. Спор е замена на теза. Постоји само не признавањето од една држава

(Суверенитетот на Република Македонија се однесува не само на правно дефинирана територија (територијална јурисдикција) туку и на народот односно граѓаните кои живеат на таа територија и се под јурисдикција на државата Република Македонија.) Историјски својатања не можат да бидат предмет на спорот.

5. Битен принцип е и дека Државното име не може да се: откраде, фалсификува или наметне, како што не може ниту да се одземе (од ОН) или да се преформулира. Исто така, од овој принцип произлегува дека државното име не може да биде предмет на (лимитирани/конечни или бесконечни) преговори, ниту на други начин да се проблематизира ваков идентитет од надвор, задирајки во строгата внатрешна јурисдикција.

6. Право на поседувањето на Правен Идентитет на Државата и самоопределување на истиот е JUS COGENS норма (те. норма над диспозитивинот дел од правото). Правен Идентитет на Државата е и внатрешна

УСТАВНА ПРАВНА КАТЕГОРИЈА. Ово не е предмет на какво било надворешно уредување или мешање!

Формулацијата во ОН Резолуцијата 817 или 845 на СБ дека двете држави ке разговараат или преговараат за ДРЖАВНО ИМЕ е флагрантно кршење на Повелбата на ООН.