Пругата кон Бугарија ќе профункционира во 2025 година

Loading...

Министерството за транспорт на Македонија доби 108.1 милиони,eвра финансиска помош од претпристапните фондови ИПА на Европската унија за изградба на железничката врска со Бугарија и за патна инфраструктура.

Македонија ќе се приклучи со 19,1 милиони евра, со што вкупниот износ на инвестицииte ќе изнесува над 127 милиони евра.

Според меморандумот за разбирање меѓу министерствата за транспорт на Македонија и Бугарија, одобрена во јули 2017 година, бугарската страна презема обврска да ја комплетира железничката врска на правецот Софија – Перник – Радомир – македонска граница до 2027 година.

Македонија од своја страна би требало да ја заврши пругата Крива паланка – Деве Баир – бугарската граница до крајот на 2025 година.