Кристијано Роналдо и претседателот на Реал Мадрид Флорентино Перез ги приближуваат ставовите и останувањето на Португалецот на Сантијаго Бернабе е сосема можно. Тоа значи дека ПСЖ извисува за големиот трансфер и затоа од Паркот на принцовите тргнуваат по друг играч на “Кралевите”, Хамес Родригез. Французите наводно веќе понудиле 60 милиони евра, што е близу до бараните од Реал Мадрид 70 милиони.

За Колумбиецот интерес има и од Манчестер Јунајтед и од Јувентус, но од таму, се уште нема конкретни чекори.

SHARE