Нов терористички акт, така барем во истрагата го води француската полиција, се случи синоќа во Париз. Се уште неидентификуван човек со чекан ги нападнал полицајците кои биле на должност пред катедралата Нотр Дам по што еден од чуварите на редот е повреден, а напаѓачот е ранет. Тој добил куршум во врат откако со извици “Ова е за Сирија”, тргнал во напад на полицајците.

Во катадралата која се смета за најголема во светот, во моментот на инцидентот имало околу 900 луѓе кои биле на миса и кои по пукотниците ги зафатило паника, на која подоцна влијаела и објавата на полицијата туристите да не се движат кон Нотр Дам. Состојбата на полицаецот е добра.

Франција се наоѓа во вонредна состојба од 2015. година кога во терористичка акција во Париз загинаа 130 луѓе.

SHARE