Пушењето меѓу главните причини за смрт на 20 илјади Македонци

 

Речиси половината од жителите во Македонија пушат цигари, а најголемите корисници на тутун се лица меѓу 35 и 64 години, кои го сочинуваат 52 отсто од населението. Овие податоци беа презентирани од Институтот за јавно здравје по повод 31 мај – меѓународен ден против пушењето.

Според Др. Елена Ќосевска од Институтот за јавно здравје во Македонија секоја година умираат околу 20 илјади лица од кардиоваскуларните заболувања, кои се предизвикани од пушењето тутун и пиењето алкохол.

Инаку, во светот, од пушење цигари секоја година умираат околу 6 милиони луѓе. Од Светската Здравствена Организација предвидуваат дека до 2030 година оваа бројка дополнително  ќе се зголеми.