Британската компанија за недвижнини „Allsopp & Allsopp“ нуди работа во Дубаи и годишна плата од 226.000 евра. Не се бараат никакви посебни квалификации, ниту завршено училиште.

Како што пишува британскиот печат, идните вработени во „Allsopp & Allsopp“ ќе продаваат луксузни апартмани и куќи во Дубаи за годишна плата од 85.000 до 226.000 евра.

Компанијата само истакнува дека од кандидатите бараат одлична подготвеност при продажбата на недвижнини и врвни особини.

Сè што треба за да ја добиете оваа работа од соништата е британска возачка дозвола.

Оставете коментар