Loading...

„Бугарската Православна Црква треба да има предвид дека од двете страни на границата помеѓу Република Бугарија и Република Македонија имаме заеднички имиња, имаме заедничка историја“ изјави бугарскиот претседател Румен Радев денеска во Пловдив, одговарајќи на прашање  дали ги поддржува напорите на БПЦ за признавање на независноста на МПЦ – Охридска архиепископија и вкупно сослужение меѓу двете цркви.

„Тоа е прашање целосно во надлежност на БПЦ…Тука државата не може да се меша, но треба да се земе предвид кога православните цркви ќе решаваат ова прашање дека од двете страни на границата помеѓу Република Бугарија и Република Македонија имаме заеднички имиња, имаме заедничка историја, ние имаме заеднички празници и ние сме исклучително блиски.

Тоа треба да се земе предвид и од црквата“, изјави шефот на бугарската држава.