Раде Шербеџија не сака да биде филмски Адем Јашари

Loading...

Српскиот актер ја одбил главната улога во филм за командантот и еден од основачите на Ослободителната војскана Косово, Адем Јашари.

Косовскиот режисер и сценарист Луан Криезиу подготвува филм за Јашари, па меѓу предлозите за толкување на ликот на командантот на УЧК, понуда испратил и до Шербеџија, пишува Kossev Info..

Раде Шербеџија ја одбил улогата со објаснување дека „ако ја прифати филмската улога (…), тогаш целиот свет ќе го признае Адем Јашари“.

Адем Јашари од 1991 година учествувал во напади врз српската полиција , престојувал во Албанија на воена обука каде бил уапсен во 1993 година, но ослободен по налог на албанската армија, по што се вратил во Косово.

Во јули 1997 година, бил осуден за тероризам во отсуство тогашниот југословенски суд. Бил убиен во полициска акција во март 1998 во неговиот дом во селото Преказе во Косово, заедно со 58 членови на неговото семејство меѓу кои неговата сопруга, синот и братот.