Најплодниот балкански актер од поново време е еден од 774. нови членови од 57 земји кои добија покана за членство во Академијата која сега брои 8500 луѓе. Членство се стекнува само со покана, а 70. годишниот Раде Шербеџија ќе биде првиот од Екс Југославија што станал дел од Американската академија за филмска уметност и наука.

Под раководство на претседателот Шерил Бун Ијзак, Академијата воведе промени со цел да се постигне поголема разновидност, па оваа година го зголеми бројот на жени и расните малцинства меѓу членовите.

Раде Шербеџија во март и април во САД го снимаше “Proud Mary” филм во кој партнер му беше Дени Гловер, а беше гостин и во популарната серија “The Blacklist”. Во меѓувреме тој имаше и премиера на филмот “The Promise” на режисерот Тери Џорџ. Во него покрај Раде глумат и Кристијан Бејл и Оскар Исак.

SHARE