Разногласие во Грција, Коѕиас и спогодбата сепак доаѓаат во Скопје

За разлика од весникот Катимерини весникот Та Неа тврди дека Коѕиас сепак доаѓа во Македонија.

Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас на 22 март, ќе пристигне во Скопје во дводневна посета, објави грчкиот весник „Та неа“.

Весникот пишува дека посетата се смета за важна, бидејќи разговорите ќе бидат концентрирани на „грчките предлози и очигледно и соодветните скопски предлози“ за постигнување еден меѓународен договор што ќе биде основа за можен компромис за името.

– Никос Коѕијас на 23 март ќе се сретне со неговиот колега Никола Димитров, додека пак, претходната вечер ќе имаат заедничка вечера. Не е исклучено, грчкиот министер за надворешни работи да има средби и со други политичари од соседната земја, но програмата се уште се формулира. Исходот од разговорите во Скопје ќе биде важен во пресрет на следната планирана средба на Коѕијас и Димитров со специјалниот претставник на генералниот секретар на ОН, Метју Нимиц, пишува „Та неа“.

Според весникот, во фокусот на предлозите за кои што ќе се разговара ќе се најде и прашањето со Уставот и начинот на имплементација на договорот за да се дозволи доделување датум за отпочнување на пристапни преговори со ЕУ и покана за членство во НАТО на Самитот во јули.

1 Коментар

  1. Се гледа дека Преговорите се веќе пропаднати! Битни се следните принципи во Меѓународно право:
    1. Државите немаат ексклузивни права на државни имиња. (РМ е правен идентитет на држава со дефинирани граници, а Македонија е назив на гео. регионот)
    2. Менување државни имиња не влијае на територијалните права и обврски на своја, како и на туѓа држава. Ниту овие менувања може да се толкуваат како тер. претензии или иредентизам.
    3. За Правниот идентитет, како елемент од меѓународно правниот субјективитет не е релевантен претходниот историјат или потекло на народот, како ни физички карактеристики на територијата.
    4. Спорови меѓу државите за државни имиња не постојат. Не може во ова суверено право да се врши легално интерферирање од ОН или членка, ниту непризнавањето од една држава да се толкува како Спор или Разлика (поблага форма на спор во дипломат. жаргон).

    Во случај со Мак. прием во ОН направена е ЗАМЕНА на тези и едно непризнавање е преформулирано како РАЗЛИКА или Спор. Иначе, ваков спор на Меѓународен суд не би бил прифатен, туку отфрлен, па СБ беше згодна инстанца да се не-признавањето формулира и подигне на ниво на СПОР.
    Од фактот дека државно-правниот идентитет (т.е. Името) е правна категорија која е есенцијален елемент на правната личност, ова е супстанцијален елемент на државноста (со суверена власт, територија и популација), произлегува дека ОН органи во Мак. пријем пречекориле своите овластувањата.
    Заклучок е дека таквите преговори за името се БЕСПРЕДМЕТНИ. Спор е замена на теза.
    (Суверенитетот на Република Македонија се однесува не само на правно дефинирана територија (територијална јурисдикција) туку и на народот односно граѓаните кои живеат на таа територија и се под јурисдикција на државата Република Македонија.) Историјски својатања не можат да бидат предмет на спорот.
    5. Битен принцип е и дека Државното име не може да се: откраде, фалсификува или наметне, како што не може ниту да се одземе (од ОН) или да се преформулира. Исто така, од овој принцип произлегува. дека државното име не може да биде предмет на (лимитирани/конечни или бесконечни) преговори, ниту на други начин да се проблематизира ваков идентитет од надвор, задирајки во строгата внатрешна јурисдикција.

Comments are closed.