Две ракометни средби од СЕХА се интересни за нас денеска, а во нив секако настапуваат македонските претставници. Двете се надвор од државата и во нив се е некако поврзано со теорија. Така ако Вардар од 20.30 го победи Загреб на негов терен во најголемото можно балканско машко ракометно дерби ќе го безецира првото место и нема да остави веќе никаква шанса за тие што се зад него. Црвено црните имаат 40 бода од 14 одиграни и на 4 кола до крајот, и со само уште еден бод ќе станат недостижни и за вториот Загреб кој има 31 и за Брест кој до сега собра 28. Околу овој дуел само уште за тоа дека тој секогаш бил возбудлив, дека во минатата сезона Загреб беше единствениот што му нанесе два пораза на Вардар, но и за актуелната серија од пет победи на скопјани против загрепчани.
Што се однесува до мечот на Горење и Металург кој од 17.45 се игра во Велење само дека со победа тимот од Автокоманда ги одржува шансите за настап на Фајнал форот иако тоа сега е повеќе теорија зошто за таков расплет на Металург ќе му треба да победува во сите настапи до крај, а тие три екипи што се пред него на табелата постојано да губат. Кога сме кај СЕХА да споменеме и дека денеска има тројна програма и дека таа започнува со дуелот на Брест и Војводина.