Капитенот Кире Лазаров се потсети на деновите кога со успех го носеше дресот на Загреб и ги предводеше нашите ракометари во Домот на спортовите на синоќешниот тренинг, по што денеска Македонија ќе тренира во најновата и најмодерната спортска сала во хрватската престолнина. Денешниот завршен чин од подготовките е од 19.30, термин во кој утре се соочуваме со Словенија во рамките на првото коло од групата Ц на Европското првенство.

Инаку Домот на спортовите на Трешњевка е место на кое се играше финалето на ракометното ЕП во 2000 година, а Арена која има капацитет од 15 илјади места е локацијата на која ќе кулминира овој шампионат на 28 јануари.