Рутински настап на актуелниот СЕХА победник и триумф кај Динамо во Панчево со 27-23. Тоа е 15 победа на Вардар во регионалниот натпревар во кој започна 16 коло, по кое тој е на првото место од кое, познато од пред извесно време, никој веќе не може да го симне.

Во дуелот без резултатски притисок, трнерот Раул Гонзалез ротираше, делумно ги користеше сите од составот што го поведе во Србија, но тоа не се одрази на исходот. Напротив црвено црните водеа на полувреме со 13-9, а рано во вториот дел го решија победникот кога поведоа со 20-12. Најдобри во нашиот тим беа Поповски со 6 и Македа со 4 гола, а Милиќ имаше 9 одбрани.

Во следниот меч Вардар в сабота од 13 часот ја дочекува Војводина, а потоа на на 13 март исто во Скопје игра со Нексе. Во СЕХА инаку утре игра и Металург која има тежок домашем дуел со Брест.